Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.
Според медиумите на Островот, Ерик Тен Хаг веќе може да се смета за фаворит за тренерското столче, а Рубен Невеш е токму негова најголема желба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Португалецот е примара трансфер цел на Тен Хаг, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред.
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, сума која нема да претставува проблем за „црвените ѓаволи“.
Тен Хаг спрема реконструкција на средниот ред каде сигурно заминуваат Матиќ и Погба, па поради тоа Невеш е најголема негова желба.