Дома Топ вести Позната првата трансфер желба на Мурињо во Тотенхем

Позната првата трансфер желба на Мурињо во Тотенхем

Жозе Мурињо денес и официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем каде потпиша договор до 2023 година.

Мурињо во Тотенхем годишно ќе заработува помеѓу 13 и 15 милиони евра, што е двојно повеќе од Покетино.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Медиумите на Островот веќе ја открија и првата трансфер желба на „Специјалниот“ за зимскиот преоден рок. Станува збор за неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој треба да биде наследник на Кристиан Ериксен.

Фернандеш минатата сезона блесна во дресот на Спортинг Лисабон и ова лето беше на мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Тотенхем.

Клубот од Лисабон потврди дека Тотенхем ова лето испратил понуда за плејмејкерот, но двете страни не успеале да се договорат околу обештетувањето.

Сега трансферот треба да го забрза Мурињо, кој по секоја цена сака да го донесе својот сонародник во Тотенхем, а трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…