Дома Трансфер зона Позната најголемата желба на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Позната најголемата желба на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.

Новиот менаџер Ерик тен Хаг ќе прави реконструкција на тимот, а најголема желба за засилување на средниот ред е токму Рубен Невеш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тен Хаг спрема реконструкција на средниот ред каде сигурно заминуваат Матиќ и Погба, па поради тоа Невеш е најголема негова желба.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, сума која нема да претставува проблем за „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед веќе започнал преговори и е спремен да ја исполни желбата на својот нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…