Репрезентацијата на Бразил остана без Дани Алвеш кој тешко дека некој би можел да го замени на позицијата бек во Бразил, но замена мора да најдат бидејќи се повреди на финалето во Купот на Франција.
ПСЖ славеше, но Дани Алвеш не поради повредата на коленото која ќе го оддалечи од Светското првенство во Русија. Замена за него ќе биде Фагнер кој игра за Коринтијанс. Фагнер е 28-годишен дефанзивец кој игра многу добро, но и тој имаше проблем со повредите поради која од 29. април е надвор од теренот. Докторите од репрезентацијата на Бразил му дозволија на Фагнер да игра и најверојатно ќе биде подготвен до Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во понеделник ќе биде познат конечниот список на Бразил кој во Русија игра во групна фаза со Швајцарија, Србија и Коста Рика. Првиот натпревар го игра токму против Швајцарија. Тие се еден од главните фаворити, а сите се плашат од тоа што не се сигурни во каква форма ќе биде Нејмар кој неодамна изјави дека стравува од враќање на теренот, бидејќи би можел повторно да се повреди.