Дома Топ вести Подарок за 119-тиот роденден: Баерн заврши зделка од 80 милиони евра!

Подарок за 119-тиот роденден: Баерн заврши зделка од 80 милиони евра!

Навивачите на Баерн Минхен добија навистина фантастични вести зз 119-тиот роденден на омилениот клуб.

Според информациите до кои дојде реномираниот „Билд“ кој ретко кога греши кога се ваквите големи зделки во прашање Лукас Ернандез веќе може да се смета за играч на Баерн Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хернандез беше голема желба на тимот од Минхен. Хасан Салихамиџиќ се обидуваше да го доведе во јануарскиот преоден рок, но сепак одлучено е да се чека летниот.

Сепак, баварците ја завршија работата пред летниот преоден рок. Го ангажираа агентот Џовани Бранчини кој на крајот успеа да го договори трансферот и Хернандез од лето ќе стане играч на германскиот клуб.

Овој човек претхоно беше посредник при доаѓањето на Пеп Гвардиола и Лука Тони во Минхен, а сега заврши уште една работа во корист на Баерн.

Атлетико од трансферот на 23 годишниот фудбалер ќе заработи 80 милиони евра. Баерн така добива уште еден фантастичен Французин. Претходно веќе го обезбедија Бенџамин Павар од Штудгарт и во Минхен полека се создава мала француска колонија.

Хернандез ги помина сите младински селекции на Атлетико Мадрид. Првотимец стана во 2015 година и од тогаш е незаменлив член во првиот тим на Диего Симеоне. Оваа сезона одличниот дефанзивец настапи на 22 натпревари и постигна еден погодок.

Со репрезентацијата на Франција изминатото лето ја освои светската титула, а за „триколорите“ собра вкупно 15 натпревари.

Веднаш по објавувањето на веста на „Билд“ утрово, истата започнаа да ја пренесуваат и најпознатите спортски новинари во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…