Џанлуиџи Буфон вчера со Парма по 50-ти пати истрча на Џузепе Меаца или Сан Сиро. Парма беше елиминирана после продолженија со 2:1, а Буфон покажа дека и на 44 години се уште брани на високо ниво.
Буфон овој месец ќе наполни 45 години, но вчера видовме дека се уште поседува врвен рефлекс. Един Џеко имаше прилика во 91. минута да го реши натпреварот и да не гледаме продолженија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанскиот напаѓач одлично шутираше од шеснаесетникот, меѓутоа Буфон со неверојатен рефлекс успеа да го одбрани ударот.
Buffon, pode ter a idade que tiver, será sempre o 🐐pic.twitter.com/BJ3JirIulQ
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) January 10, 2023