Дома Фудбал Англија Погба се соочува со дополнителна суспензија

Погба се соочува со дополнителна суспензија

Пол Погба би можел да биде дополнително казнет поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваа англиските медиуми, французинот може да добие дополнителна казна доколку ФА го уважи записникот на судиите по натпреварот.

Наводно, Погба автоматски добива три натпревари суспензија поради директниот црвен картон, но тоа не е се.

Французинот се терети и поради неспортско однесување, односно непочитување на судиската одлука.

Медиумите потсетуваат дека поради истите причини, Нејмар минатата сезона доби четири натпревари суспензија поради аплаудирање кон главниот судија.

Останува ФА да ја донесе конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не…