Французинот Пол Погба доби можност да се врати на терените откако суспензијата му беше намалена од четири години на 18 месеци и од март ќе може да игра официјални натпревари.
Но, Јувентус не смета на него и сака да го раскине договорот, додека тој тврди дека би сакал да прпдолжи во Торино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Погба е спремен да игра за Јувентус и за помалку пари.
„Сакам дао станам во Јувентус, би играл и за помалку пари. Сакам да разговарам со тренерот Мота, верувам дека можам повторно да бидат ату за овој клуб. Ако тој прифати, финансиите нема да бидат проблем, лесно ќе се договориме“, изјави Погба.
Тврди дека за Милан никогаш не би заиграл.
„И да ми се јави Златан Ибрахимовиќ кого многу го почитувам никогаш не би потпишал за Милан. Јувентус е единствениот италијански клуб за мене. Потпис со голем ривал би било непочитување за фановите“, истакна Французинот.
Погба претходно се поврзуваше со МЛС лигата и Марсеј.