Дома Фудбал Англија Погба подолг период надвор од теренот!

Погба подолг период надвор од теренот!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе отсуствува од теренот подол период пораид обнова на повредата на стапалото во натпреварот против Арсенал во понеделеникот.

Французинот се повреди во август во меѓувреме имаше процес на опоравување, но набрзо после враќањето на теренот ситуацијата се влоши и сега го чека подолга пауза.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Според препораката на доктор специјалист на Пол Погба му е потребен подолг период за опоравување и конзервативен третман за повредата на стапалото која ја заработи уште против Саутемптон во август“, се наведува во соопштението на Јунајтед.

Погба не отпатува со тимот на гостувањето кај АЗ Алкмар во второто коло од Лига Европа во четвртокот. Нема да биде во составот и против Њукасл за викендот во Премиер лигата. Во овој момент не е познато кога повторно ќе му биде на располагање на Солскјер.

Нема да биде изненадување и ако 26 годишниот фудбалер го пропушти натпреварот против Партизан во Белград кој на програмата е на 24-ти октомври.

Покрај Погба надвор од тимот се Ентони Марсијал, Фил Џонс, Лук Шо и Арон Ван Бисака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…