Дома Фудбал Англија Погба повторно против Мурињо: Треба да напаѓаме повеќе!

Погба повторно против Мурињо: Треба да напаѓаме повеќе!

Пол Погба јавно призна дека е разочаран од начинот на кој игра Манчестер Јунајтед оваа сезона.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 1:1 на домашен терен против Вулверхемптон, а Погба тврди дека тимот мора да игра напаѓачки фудбал.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Домаќини сме и би требало да играме многу подобро. Едноставно мора да напаѓаме, напаѓаме и напаѓаме. Мислам дека тимовите се плашат кога ќе видат дека Манчестер постојано напаѓа. Тоа е нашата грешка“, изјави Французинот.

Погба потоа беше запрашан зошто тимот не игра напаѓачки фудбал.

„Тоа не можам да ви го кажам, јас сум само играч. Причината не е во мене. Јас не сум менаџер“, одговори Погба јасно вперувајќи го прстот во Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жегрова ќе го сонува промашувањето во продолженијата: Херојската победа на Јувентус не беше доволна за осминафинале! (Видео)

Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Л…