Дома Трансфер зона Погба добил понуда да продолжи да игра фудбал за 1.500 евра месечно

Погба добил понуда да продолжи да игра фудбал за 1.500 евра месечно

Францускиот фудбалер Пол Погба минатата недела и официјално беше суспендиран на четири години поради допинг и многу веројатно оваа суспензија (ако не биде намалена) ќе значи крај на неговата професионална кариера.

Но, Погба има опција да продолжи да игра фудбал на аматерско ниво. Италијанскиот „Тутоспорт“ објави информација дека тимот на Броук Бојс од Русија испратил понуда до Французинот и му нуди плата од 1.500 евра месечно.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Станува збор за фудбалска лига во која играат славни личности. Проектот започна во 2022 година и има екипи од славни личности од сите сфери. Наводно, директорот на овој тим веќе ја испратил понудата до Рафаела Пимента, агентката на Погба.

Погба во Јувентус до суспензијата заработуваше десет милиони евра, па оваа понуда финансиски не се споредува, но исто така е понуда со која Погба ако ја прифати може да остане во добра кондиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…