Дома Македонски спорт Мак ракомет Повторно, повторно и повторно…Ракометот продолжува да носи радост во нашата земја!

Повторно, повторно и повторно…Ракометот продолжува да носи радост во нашата земја!

Повторно, повторно и повторно…Ракометот продолжува да носи радост во нашата земја!

Ракометната репрезентација на Македонија денес уште еднаш покажа зошто во овој момент важи за најголем амбасадор на нашата држава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите денес загубија од селекцијата на Романија, но благодарение на големата победа од осум гола разлика во Скопје повторно ја израдуваа македонската спортска јавност.

Да се потсетиме како ракометната репрезентација носеше радост на оваа земја…

Прво, Македонија од 2012 година е редовен учесник на Европските првенства. Во 2012 на Европското првенство во Србија Македонија заврши на високото пето место, а Кире Лазаров на ова првенство беше и најдобар стрелец на турнирот.

Две години подоцна следуваше Европското во Данска на кое се пласиравме на десетата позиција, за во 2016 во Полска да завршиме едно место подоле. Покрај одличните настапи на Европските првенста, ракометарите беа успешни и на светските.

Во 2015 година на Светското првенство во Катар Македонија успеа да се избори за одличното девето место, а две години претходно во Шпанија завршивме како 14 во светот, додека во Хрватска во 2009 турнир кој означи почеток на една успешна ера ја освоивме деветата позиција.

Колку се големи и значајни сите овие успеси и пласмани на Македонија говори и податокот дека пред Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последениот голем турнир на кој се натпреварувавме беше на Светското првенство во 1999 година.

Секако, најсвежи се сеќавањата од Европското првенство во Хрватска каде што се пласиравме и на крајот се изборивме за 11-тата позиција.

Овие резултати никако не можат да бидат случајност станува збор за одличната работа на сите во Ракометната федерација. Ваквите успеси и одличната работа на РФМ нека бидат само мотив и пример за идните и сегашните генерации како треба да се работи, но и не само во овој спорт. На Ракометната федерација можат да и позавидат и останатите федерации во Македонија на успесите кои ги постигнува

Овој текст е наменет за репрезентација, но не можеме да не ги споменеме тука и успесите на Вардар. Машкиот тим минатата година ја донесе европската круна во Скопје, а оваа година повторно беа дел завршниот фајнл-фор. Тука е женскиот тим на црвено-црните кој две години во низа играше во финалето во Лигата на шампионите, за жал од наредната сезона тие (женскиот тим) нема да се натпреваруваат во најелтиното европско натпреварување…

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…