Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Хари Кејн во Тотенхем до 2022!

Повеќе нема дилеми: Хари Кејн во Тотенхем до 2022!

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн денес стави крај на сите шпекулации и стави потпис на нов договор со кој се обврза на верност кон „спарси“ до 2022 година.

Хари Кејн во изминатите две сезони е еден од најдобрите играчи на Тотенхем, а минатата сезона со 25 голови беше и најдобар стрелец во Премиерлигата.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Неофицијално, со новиот договор Кејн неделно ќе заработува 125.000 фунти или годишно 6,5 милиони фунти, што го прави најплатениот фудбалер на Тотенхем на сите времиња.

Овој 23-годишен напаѓач е дете на Тотенхем, а за првиот тим има одиграно 137 натпревари и постигнато 70 голови.

Кејн е стандарден репрезентативец на Англија, има одиграно 17 натпревари и постигнато пет голови, а на своето деби против Литванија постигна гол 73 секунди по влегувањето во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …