Aгентот на Фелипе Кутињо, Каи Јорбачијан тврди дека Бразилецот ќе остане во Барселона во сезоната 2020/2021.
Бразилскиот офанзивец минатата сезона беше позајмен во Баерн и со германскиот клуб освои тројан круна (Бундеслига, германски куп и Лига на шампиони).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште додека се играше сезоната 28 годишниот фудбалер се поврзуваше со англиските клубови, меѓутоа тоа изгледа нема да има ништо. Барем така тврди неговиот агент.
„Куман го повика веднаш после финалето во Лигата на шампионите и му кажа дека ќе смета на него. Веќе започна да тренира со Барселона. Сигурен сум дека ќе остане. Во Барселона се променија многу работи и сега играчите како Кутињо, Дембеле и Гризман се дел од тимот“, изјави агентот на Бразилецот.
Договорот на Кутињо истекува летото 2023 година.