Герет Бејл би требало да се опорави за време на финалниот натпревар во Лигата на Шампионите против Јувентус, но оваа вест и не ги радува сите во Реал Мадрид.
Имено, „Diario Gol“ објави дека дури шест играчи на Реал сметаат дека Бејл повеќе не треба да биде во првите 11 на тимот од Мадрид. Побуната против Велшанецот, најскапиот фудбалер во историјата на Реал, наводно ја предводат капитенот Серхио Рамос и нивниот најдобар играч, Кристијано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со нив, Бејл кој повеќе е повреден отколку што здрав, не го сакаат да го видат и Марсело, Коентрао, Пепе и Касемиро. Сите тие мислат дека за Реал би било подобро наместо Бејл прилика да добие Иско, еден од најдобрите играчи на Реал во втората половина од сезоната.
Наводно, на страната на Бејл е Лука Модриќ, кој со Велшанеот претходно играше во Тотенхем, како и Тони Крос и претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Оваа сезона Бејл пропушти речиси 30 натпревари, а постигна само седум гола со една асистенција. Истиот извор тврди дека Бејл би можел ова лето да го напушти Мадрид и да се врати во Англија, односно во Манчестер Јунајтед или Челзи.