ПСЖ и Манчестер Сити беа најголемите фаворити за освојување на овогодишната Лига на Шампиони по групната фаза од натпреварувањето. „Граѓаните“ имаа полесна работа и во првиот натпревар од осмина финалето веќе обезбедија поминување во четвртфиналето.
Од другата страна, богатите Парижани беа спуштени на земја по резултатот од 1:3 во Мадрид. Вистина, ПСЖ имаше се во свои раце до 83. минута, а потоа во само три минути доживеаа дебакл. Нејмар и Мбапе потфрлија, но јавна тајна е дека тренерот Унаи Емери е главниот виновник за поразот. Поранешниот стратег на Валенсија имаше некои нелогични потези од самиот почеток.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така, меѓу останатото, капитенот Тиаго Силва го казни со клупа, а тоа му се покажа како лош потег. Освен тоа, на резултат 1:1 го извади Едисон Кавани, кој изгледаше дека само тој може сериозно да им наштети на „Кралевите“. Долго време се шпекулира за неговата замена, а гласините продолжија по поразот во Мадрид. Откриено е дека грбот му го свртија и три првотимци, разочарани од неговиот метод на работа.
„Марка“ пишува дека Едисон Кавани, потоа и одличниот Анхел Ди Марија и главниот дефанзивец Тиаго Силва, кој е фруститран од останувањето на клупата на натпреварот на годината, се против тренерот Унаи Емери.. Исто така, Ди Марија натпреварот го гледаше од клупата, иако само неколку дена пред тоа постигна хет-трик во триумфот над Сошо.
Многумина сега се прашуваат дали дебакалот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја уништи сезоната од соништата за богатиот клуб од Париз? Одоговор би требало да го добиеме на реваншот на „Паркот на Принцовите“, а сега ретко некој го гледа ПСЖ во четвртфиналето во најелитното клупско натпреварување.