Лука Модриќ и Тони Крос ќе потпишат нови договори до следното лето, но сезоната 2023/2024 ќе им биде последна во Мадрид, па во Реал размислуваат за промени.
Веќе на големо се најавува дека Џуд Белингам е завршена работа, тој би требало да пристигне уште ова лето од Борусија Дортмунд, преостануваат уште некои детали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот поголем трансфер би можел да дојде до најголемиот ривал на Борусија, Баерн Минхен – Џошуа Кимих! Се најавува дека Реал ќе тргне по Германецот кога ќе се повлечат Модриќ и Крос и клубот во него гледа идеален партнер покрај Белингам, Камвинга, Валверде и Чуамени.
Кимих има договор до 2025 година, а ако не го продолжи идното лето би можел да биде идеална замена за Крос. Тогаш ќе има 29 години и се уште ќе биде во зенитот на својата кариера, па би требало да има уште четири-пет сезони фудбал на највисоко ниво пред себе.
Тука не е крајот на плановите на Реал. Потребен е напаѓач за да го замени Бензема кој очигледно е дека не може да ги игра сите натпревари, а тој е единствениот вистински напаѓач. Лука Јовиќ беше негова единствена алтернатива, но Реал по неговото заминување не доведе замена.
Се споменуваше Рендал Коло-Муани. Но тој не е евтин. Франкфурт бара сума помеѓу 80 и 100 милиони евра, го следат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Ако се земат во предвид цените, за овие желби Флорентино Перез би требало да издвои околу 300 милиони евра.