Дома Трансфер зона Планот на Реал Мадрид – еве како ќе се ослободат повеќе од 100 милиони евра за плати

Планот на Реал Мадрид – еве како ќе се ослободат повеќе од 100 милиони евра за плати

Се подготвува голема реконструкција во Реал Мадрид на крајот од сезоната, а клубот ќе работи на продажба на повеќе играчи.

После дебаклот од Барселона се активираа алармите и во клубот веќе размислуваат за реконструкција на тимот. Главната задача ќе биде проджба на некои ѕвезди. Три играчи би можеле да бидат вистински проблем на Реал во текот на летото. Станува збор за Лука Јовиќ, Маријано Диаз и Еден Азар. Од нивните заминувања Реал сака да инкасира околу десетина милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако успее да се ослободи од споменатите тројца Реал ќе ослободи и простор од 50 милиони евра за плата. Белгиецот заработува 30 милиони евра блуто, Јовиќ 10 и Маријано девет милиони.

Покрај нив се очекува клубот да го напуштат играчите на кои им истекуваат договорите, а тоа се Герет Бејл, Марсело и Иско, овие тројца заедно имаат плата околу 60 милиони евра. Сите овие пари би биле насочени кон Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…