Во рамки на првото коло во Премиер ллигста, денес беа одиграни четири меча од 16 часот, додека претходно синоќа Манчестер Јунајтед славеше над Лестер со 2:1.
По Јунајтед, победа остварија Борнмаут, Кристал Палас, Челзи и Вотфорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борнмаут со 2:0 славеше над екипата на Кардиф, а голот на одлука го постигна Фрасер во 24. минута, со тоа што Вилсон десет минути подоцна промаши пенал за домашните. Конечните 2:0 ги постави токму Вилсон во 91. минута.
Новиот премиерлигаш Фулам беше поразен од Кристал Палас со 2:0, а погодоците за гостите ги постигнаа Шлуп во 41. и Заха во 80. минута. Вотфорд со 2:0 беше подобар од Брајтон, а двократен стрелец беше Переира.
Челзи на Сари си поигра со домаќинот Хадершфилд, па славеше со 3:0. Почна необично со голот на Канте во 34. минута, а Жоржињо, во 45 минута зголеми на 2:0. Фантастичното издание на „Плавите“ го круниса Педро во 80 минута на асистенција на Азар за конечни 3:0.
Подоцна се состануваат Волверхемптон и Евертон, а преостанатите дуели на програмата се утре.