Италијанскиот маестро, Андреа Пирло, кој вчера објави дека ќе стави крај на богатата кариера, откако ќе му истече договорот со Њујорк Сити во декември оваа година.
Медиумите на Островот денес пренесоа информација дека Пирло веднаш може да се впушти во тренерските води и да му биде асистент на Антонио Конте во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двајцата добро се познаваат и заедно работеа три години во Јувентус, исто како во италијанската репрезентација. Иако Пирло во моментов одбива да ја потврди информацијата, извори блиски до играчот тврдат дека е многу зиантересиран за ваквата понуда.
„Се уште не знам каква ќе биде мојата иднина. Во декември ќе се вратам во Италија. Да бидам асистент на Конте? Медиумите веќе пишуваат за тоа, но јас имам свои идеи, имам време да донесам одлука“, изјави Пирло.