Дома Трансфер зона Пирло и Клоп се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Пирло и Клоп се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Ливерпул ова лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лион.

Станува збор за 20-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.

Цената на фудбалерот се движи околу 30 милиони евра, медиумите тврдат дека Јувентус е во пол-позиција бидејќи веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…