Дома Фудбал Италија Пирло играше за трите италијански гиганти, но тврди: За мене дресот на Милан е специјален!

Пирло играше за трите италијански гиганти, но тврди: За мене дресот на Милан е специјален!

Андреа Пирло е легенда на италијанскиот фудбал и еден од најдобрите италијански фудбалер во поновата историја.

Пирло е еден од ретките фудбалери кои го носеле дресот на трите најголеми италијански клубови, притоа освои се што можеше да се освои како на клупско така и на репрезентативно ниво.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако во последните години од кариерата Пирло со голем успех го носеше дресот на Јувентус, сепак признава дека за него специјален е дресот на Милан каде помина цели 10 години.

„После 10 години во Милан имав потреба од промена и нов стимул. Пронајдов голем клуб кој ми помогна да го вратам стимулот и успеав да освојам трофеи со дресот на Јувентус“.

„Меѓутоа, дресот на Милан за мене е нешто специјално, бидејќи таму ги поминав првите 10 години како вистински фудбал и таму пораснав и како фудбалер и како човек. Тоа се 10 фантастични години во кои освоивме се и секогаш ќе бидам приврзан за тој клуб и тој дрес“, открива Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…