Жерар Пике пред неколку дена даде интервју за шпанските медиуми кое предизвика големо внимание.
Пике зборуваше за моменталната ситуација во каталонскиот клуб, а нормално не можеше да не го спомне и најголемиот ривал Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дефанзивецот на Барселона изјави дека на сите им е јасно дека критериумите на судиите не се исти, односно дека судиите повеќе се наклонети кон кралскиот клуб.
Тој откри дека еден поранешен судија изјавил дека дури 85% од судиите се од Мадрид и поради тоа судат во корист на Реал.
„Еден поранешен судија, не знам точно кој, рече дека дури 85% од судиите се од Мадрид. И како да не судат во корист на Реал? Можеби тоа го работат несвесно, но сигурно дека нема да судат во корист на нивните противници.“ – рече Пике.