Чави Ернандез неодамна беше избран за нов тренер на Барселона, а многу шпански медиуми веднаш пишуваа дека се одлучил да воведе неколку нови правила.
После шест години кои ги помина во катарскиот Ал-Сад Чави се врати во Барселона и доби шанса да се проба на тренерската клупа на каталонскиот гигант откако Роналд Куман доби отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш по неговото доаѓање во клубот се пишуваше за нови правила воведени во клубот. Едно од правилата посебно се врзуваше за Жерард Пике на кој Чави наводно му забранил приватни патувања во текот на сезоната.
Сега за сетоа тоа се огласи Пике и ги демантираше таквите информации.
„Луѓето премногу лесно веруваат во она што читаат во медиумите. Така доаѓа до „заблуда“. „Правилата“ кои Чави наводно ги вовел се една таква работа. Тоа е медиумска измислица“, порача Пике.