Кошаркарското „Ел Класико“ во Шпанија донесе многу контроверзии, Реал Мадрид беше незадоволен од судењето, па дури се закануваше и со напуштање на првенството.
Сега своето мислење на оваа тема го кажа и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познато е дека Пике не е само играч на Барселона, тој е голем навивач и во иднина голем од јавноста очекува тој да добие место во раководителната структура на Барселона. Во еден момент се пишуваше и дека се спрема за претседателската функција.
Сега Пике потврди дека го интересира се што е поврзано со Барселона без разлика дали се работи за тим во некој друг спорт.
Имено, дефнаизвецот се одлучи да ги коментира случувањата и жалбите ривалот од Мадрид.
„Судиите направија грешка во корист на Реал. Ако не е беше таа грешка ние мирно ќе го добиевме натпреварот. Секаде се такви секогаш приговараат и креваат врева поради судиските одлуки. Такви се и во фудбалскиот тим“.
„За среќа тие немаат ракометен тим иначе и таму ќе требаше да ги трпиме нивните поплаки. Очигледно е дека во нивниот табор владее стратегија да се жалат на судиските одлуки и да зборуваат како се оштетени за потоа да доје натпревар како оној со Атлетико кога ќе добијат помош и ќе молчат“, изјави Пике.
Судиската организација во натпреварот кој Барселона го доби со 94:93 ги призна грешките и на двете страни.