Дома Фудбал Пике за времето со Бартомеу: Не советуваа луѓе кои врска немаа од фудбал

Пике за времето со Бартомеу: Не советуваа луѓе кои врска немаа од фудбал

Хозе Марија Бартомеу со своето лошо раководење ја доведе Барселона на работ на банкрот, клубот поминуваше низ една од најголемите финансиски кризи во својата историја поради таа ситуација и Меси беше принуден да си замине.

По заминувањето на Бартомеу на чело на клубот се врати Лапорта и работите засега одат на подобро. Критики за лошото раководење на клубот до Бартомеу испрати и еден од најискусните во редовите на Каталонците, Жерар Пике.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бартомеу лажеше, не излажа и мене и Меси. Отворено го прашавме, а тој ни кажа дека не знаел ништо за Барселонагејт, затоа и излегов пред медиумите на прес-конференција да го бранам. Јас го бранев, а тој преку неговата десна рака беше одговорен за се. Подоцна тој човек повеќе не беше во клубот, меѓутоа документите покажаа дека продолжил да добива плата. Двајцата беа блиску, во едно интервју го критикував, а Бартомеу веднаш ми се јави да ми каже дека тоа што сум го кажал не е точно“.

„Сите во клубот треба да си ја вршат својата работа, така и претседателот. Таквиот недостасок на лидерство дојде до сите нивоа, не советуваа луѓе кои немаа врска од фудбалот“, изјави Пике.

После враќањето на Лапорта на чело на клубот во Барселона работите се подобрија, сега клубот оди во добра насока и финаниски и резултатски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…