Ѕвездата на Интер, Иван Перишиќ призна дека не би имал ништо против да се пресели во Баерн Минхен и да соработува со Нико Ковач.
Перишиќ веќе соработуваше со Ковач во хрватската репрезентација и нема ништо против да соработуваат повторно во Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас во Баерн? Нико Ковач е тренер кој многу влијаеше на мојот развој. Под негово раководство играв многу добро за Хрватска, ако ме сака знае каде да ме најде“, изјави Перишиќ.
„Би сакал еден ден да играм во Англија или Шпанија. Знам дека неколку клуба ме сакаат, но треба да разговараат со Интер. Доколку постигнат договор со Интер јас потоа ќе донесам одлука“, додаде Хрватот.