Реал Мадрид сака да го „украде“ пред носот на Барселона напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, пренесува еминентниот „Билд“.
Вчера излезе информација дека Барселона наводно има договор со Јовиќ, а сега „Билд“ пренесува дека Флорентино Перез доставил повисока понуда од таа на Каталонците.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Барса за потписот на српскиот голгетер понуди 45 милиони евра, а понудата на „кралевите“ изнесува 40 милиони евра.
Јовиќ е под договор со Бенфика, но Ајнтрахт има право да го откупи за 12 милиони евра, што сигурно ќе го направи на крајот на сезоната.
Оваа сезона Јовиќ е прв стрелец со 14 постигнати гола и води на листата стрелци пред Роберт Левандовски, Марко Ројс и Пако Алкасер.
https://youtu.be/m0tKevGuf2Y