Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде опширно интервју за шпанските медиуми каде зборуваше на многу теми.
Перез откри што се случувало во клубот и потврдии некои информации, а дел од нив се однесуваат и на Серхио Рамос, кој сака да замине во Кина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одговорив дека тоа не е можно, тие кажаа дека Кинезите тешко даваат многу пари. Меѓутоа, не може да го пуштиме капитенот бесплатно“, објасни Перез.
Покрај сите ѕвезди кои ги има ангажирано во кариерата, Перез издвои една, која според него ќе биде запаметена во историјата на клубот.
„Донесов многу големи фудбалери во Реал Мадри, но Кристиано Роналдо е најдобриот кој некогаш играл за овој клуб. Тој минатото лето рече дека сака нов предизвик во кариерата и затоа го пуштивме. Ќе биде запаметен како најдобар играч во историјата на Реал Мадрид“, изјави Перез.
? Real Madrid president Florentino Perez: “Cristiano Ronaldo was an exemplary professional who never caused problems.
"He’s the greatest player I ever signed and my relationship with him was always excellent, both as a player and a man." pic.twitter.com/fCTE1cwcYT
— Goal (@goal) May 28, 2019