Дома Топ вести Перез и се закани на Федерацијата, смета дека ВАР го оштетува Реал Мадрид

Перез и се закани на Федерацијата, смета дека ВАР го оштетува Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се закани дека ќе го напушти бордот на диретори на Шпанката фудбалска федерација.

Тој е револтиран од неколку ситуации за кои смета дека директно бил оштетен „кралскиот“ клуб после употреба на ВАР системот. Медиумите ги посочуваат како пример натпреварите со Реал Сосиедад и Бетис.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал загуби од Сосиедад (0:2), а при негатива од 1:0 судијата Мунуера не свирна пенал при стартот врз Винисиус. Тогаш судијата дури и не побара консултација со ВАР за да биде сигурен во проценката.

Против Бетис пак „кралевите“ примија гол за 1:1 откако судијата после проверка на ВАР заклучи дека Каналес не бил во офсајд. Меѓутоа после мечот се појавија снимки кои покажуваат дека играчот сепак бил во недозволена позиција.

Самиот Перез долго време одбиваше да влезе во раководното тело на Федерацијата, но на 19-ти декември сепак се согласи и влезе во бордот на директори заедно со претседателите на Барселона и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…