Зинедин Зидан ќе се обиде до крајот на сезоната да ја освои титулата во Ла Лига, а доколку тоа не се случи, тогаш Французинот би можел да го напушти кормилото на Реал Мадрид.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез размислува за неговиот следен чекор, односно бара замена за францускиот тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека Перез веќе избрал нов тренер за „кралевите“ ако си замине Зидан, а изборот паднал на Масимилијано Алегри, кој долги години доминираше во Италија со Јувентус.
Алегри долго време е желба на Перез, а наводно договор меѓу двете страни веќе е постигнат и се чека само исходот од оваа сезона.
Италијанецот веќе две години е без работа, па се поврзуваше со многу гиганти, но сепак реши да не преземе ниту еден од нив и да почека идеална шанса за работа, а токму тоа може да му го понуди шпанскиот гигант.