Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објасни зошто „кралевите“ не се обидоа да го доведат Ерлинг Халанд ова лето.




Халанд ова лето се пресели во Манчестер Сити, а Реал, кој го чекаше Килијан Мбапе, остана без нов офанзивен играч.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Немаше никаква врска меѓу можниот трансфер на Мбапе и оној на Халанд. Веќе го имаме Карим Бензема, кој е најдобриот напаѓач во светот. Немаше смисла да земеме извонреден играч како Ерлинг и да го ставиме на клупата“, изјави Перез.




Бензема има 34 години, но неговите последни две сезони беа можеби најсилните во неговата кариера.
„Заменик на Карим ќе се појави еден ден, но не да биде резерва“, заклучи Перез.