Дома Фудбал Германија Пеп се држеше за глава, на теренот се пишуваше историја: Како Лева даде пет гола за девет минути (ВИДЕО)

Пеп се држеше за глава, на теренот се пишуваше историја: Како Лева даде пет гола за девет минути (ВИДЕО)

Роберт Левандовски ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи и тоа е сигурно, а она што го направи на 22. септември 2015 година засекогаш ќе остане запишано во историјата на фудбалот.

На тој датум Левандовски против Волфсбург постигна пет гола за само девет минути.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Волфсбург на полувремето водеше со 0:1, а Левандовски влезе во второто полувреме на местото на Тијаго. Гвардиола кој тогаш го водеше Баерн тргна по пресврт, но сигурно не очекуваше така моќно издание на полскиот голгетер. Левандовски во период од 51. до 60 минута пет пати се запиша во листата на стрелци.

Лева прво за три минути и 21 секунда постигна хет-трик и тоа е најбрзиот хет-трик во историјата на Бундес лигата, а петтиот гол го постигна со фантастичен волеј удар за точно 8:59 минути од првиот гол.

Каков ден, каков натпревар! Самото држење за глава на Пеп најдобро опишува што направи тој ден Лева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …