Дома Топ вести Пеп и Клоп – нова средба на фудбалските умови кои ја променија Премиер лигата

Пеп и Клоп – нова средба на фудбалските умови кои ја променија Премиер лигата

Манчестер Сити и Ливерпул, Гвардиола и Клоп – време е за уште еден спектакуларен натпревар на Островот, денеска од 13:30 часот.

Едниот пристигна на Островот во 2015 година, тој заплови во реката Мерси со цел да го разбуди британскиот гигант од долгогодишниот сон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вториот ја отвори вратата во Англија речиси една година подоцна, тој пристигна во клуб кој веќе беше на пат да стане голем, но и каде што немаше право да греши од првиот ден, каде финансиите беа најмалку од проблем, но таму каде што веднаш се бараа резултати.

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола – два брилијантни фудбалски умови и денес се на истото место, на клупата на Ливерпул, односно Манчестер Сити, а во меѓувреме ги исполнија своите цели за кои беа донесени, попатно – секој во своето на свој начин, но со атомски фудбал.

Денеска, во култното англиско време од 13:30 часот, двајцата повторно ќе се сретнат лице в лице, уште еднаш во пресметка на врвот во новиот дуел помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Големото ривалство меѓу двајцата големи тренери започна уште пред да пристигнат во Обединетото Кралство – во Германија. Гвардиола пристигна во Баерн Минхен во 2013 година и успеа да стави крај на двегодишната доминација на Клоп и Борусија Дортмунд.

И покрај тоа што Каталонецот секоја сезона освојуваше титули за време на престојот во Германија, имаше многу маки против Клоп во „Дер Класикер“ – славеше во четири најголеми дербија во Бундеслигата, три освои Клоп, а едно заврши нерешено.

Пристигнувајќи на Островот, тие изрежираа многу незаборавни дуели, од „главата“ на Вајналдум на новогодишната ноќ 2016 година, преку исклучувањето на Садио Мане и петардата на Сити на крилата на Габриел Жесус, атомските 4:3 за „Црвените“ кога „ Граѓаните“ освоија 100 поени, до последните дуели од минатата сезона – контранапад на Мохамад Салах по асистенција на Алисон и 4:1 за машината на Гвардиола…

Вкупно 28 пати Клоп и Гвардиола се сретнаа еден против друг, а поуспешен е германскиот стручњак кој води со 11:10 во победи.

Во Премиер лигата се сретнаа вкупно 14 пати – Гвардиола славеше пет пати, Клоп четири пати, а пет меча завршија без победник.

Освен сите бројки, многу поважен е и стилот на фудбал што го носат двајцата – тикитаката на Гвардиола и „гегенпресингот“ на Клоп ја полудеа Англија во последните години.

Исто како и сезоните со 90+ бодови кои беа решени во последното коло од Премиер лигата, но и нивниот меѓусебен однос кој секогаш беше полн со почит.

„Ме научи да бидам подобар тренер“, со големи зборови Гвардиола го најави новиот дуел со Клоп.

Време е за нова страница, фаворит е актуелниот шампион Сити, но и реновираниот Ливерпул во текот на оваа сезона покажа дека може повторно да биде најтешкиот ривал на машината од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Винисиус испрати порака до својот сонародник: „Те чекаме наскоро“ (Фото)

Винисиус Жуниор уште еднаш покажа колку му значи заедништвото меѓу бразилските фудбалери, …