Ливерпул и Манчестер Сити во јануарскиот трансфер период би можеле да водат голема битка.
Добро е познато дека „Црвените“ веќе долго време во своите редови сакаат да го видат дефанзивецот на Саутемптон, Вергилиј ван Дајк, но во текот на летниот трансфер период не успеаа да го доведат, иако се обидуваа до последниот ден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Екипата од „Енфилд“ ќе се обиде да го ангажира и во јануари, но проблем прави фактот што во трката се вклучува и Сити. Пеп Гвардиола, наводно, од управата на клубот побарал да го доведе овој одличен дефанзивец, а кога Сити некого сака, тој обично и пристигнува на „Етихад“.
Пеп му ветил на овој фудбалер место во првата постава, а освен тоа тој за само шест месеци би можел да стане и шампион на Англија, а и потенцијален шампион на Европа со новиот клуб. Кој такво нешто би можел да пропушти?
Што ќе се случи од сето ова, останува да видиме во следните недели.