Португалскиот стопер Пепе испиша историја на Европското првенство, бидејќи стана најстариот играч кој настапил на едно првенство.
Пепе ја предводеше одбраната на Португалија во победата од 2:1 над Чешка и со тоа стана најстариот учесник на едно европско првенство со 41 година и 113 дена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интересно е тоа што Пепе станува слободен играч бидејќи му истекува договорот со Порто и како што стојат работите бара нов клуб.
Засега нема индикации каде Пепe би можел да ја продолжи кариерата, но сигурно е дека нема да се пензионира, барем таква е неговата желба според медиумите.