Англиските медиуми пренесуваат информација дека Педро Родригез на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.
Овој 31-годишен крилен фудбалер на „Стемфорд Бриџ“ пристигна уште во 2015. година, повеќе или помалку е стандарден во тимот на Маурицио Сари, меѓутоа англиските медиуми тврдат дека многу лесно на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи. Како што пренесуваат, за неговите услуги се интересираат клубови од Италија, особено градските ривали Милан и Интер, што можеби за Челзи е последна прилика да заработи нешто на транферот, бидејќи договорот на Педро со лондонскиот клуб важи до 2020. година.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Ова не е прв пат Педро да се поврзува со заминување во Италија, уште минатото лето беше на чекор од трансфер во Лацио, но тогаш наместо да си замине во Серија А одлучи да остане меѓу „Сините“. Оваа сезона Педро е во солидна форма, на 26 одиграни натпревари постигна осум гола, а забележа и една аситенција. Пред да пристигне во Челзи играше само за Барселона.