Дома Трансфер зона Пасторе на излезна врата од ПСЖ

Пасторе на излезна врата од ПСЖ

Офанзивниот играч за врска на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе готово сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.

Пасторе заработи повреда уште во септември, но после рехабилитацијата не може да се наметне за поголема минутажа кај тренерот Унаи Емери.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


28-годишниот Аргентинец оваа сезона запиша само 4 настапи во шампионатот, а после доаѓањето на Нејмар и Мбапе, јасно е дека се помалку ќе има простор за него.

Поради тоа тој самиот сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а како фаворит за неговиот потпис се споменува милански Интер.

Пасторе беше првиот голем трансфер на катарските сопственици во 2011 година и за неговиот потпис на Палермо му платија 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…