Баерн Минхен е новиот шампион на Европа откако во финалето го победи Пари Сент Жермен со 1:0.
Херој на Баварците беше Кингсли Коман, кој го постигна единствениот гол на мечот. Да биде иронијата поголема тој е роден во Париз и поникна во академијата на ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баварците подобро го отворија мечот со висок пресинг одзедоа неколку топки, но не успее да создадат зрела шанса. Првата чиста шанса ја видовме на другата страна, кога Нејмар не успеа да го совлада Ноер од чиста позиција.
Тоа како да го разбуди Баерн, па само неколку минути подоцна Левандовски одлично прими топка во казнетиот простор и ја погоди стативата. Во 35-та минута Полјакот имаше уште една добра шанса, но одлично реагираше Кејлор Навас.
Најзрелата шанса се случи на две минути пред крајот на полувремето кога Алаба му подари топка на Ди Марија, овој го проигра Мбапе, кој млако биеше по средината од голот.
Во второто полувреме Баерн конмплетно го надигра ПСЖ, кој само спорадично се закануваше преку контранапади.
Клучниот момент на мечот се случи во 60-та минута кога по асистенција на Кимих, Коман најдобро се снајде во казнетиот простор и со глава го матираше голманот на ПСЖ.
Ова за Баерн Минхен е шеста титула во Лигата на шампиони, а ПСЖ не успеа да дојде до првата во своето прво финале.