Дома Трансфер зона Папу Гомез ќе ја напушти Аталанта, но ќе остане во Серија А?

Папу Гомез ќе ја напушти Аталанта, но ќе остане во Серија А?

Алехандро Гомез изгледа ја заврши својата епизода во Аталанта која ќе ја памети до крајот на животот.

Аталанта е една од најубавите приказни во Европа во претходните сезони, а Папу Гомез сигурно е заштитен знак на овој клуб. И сигурно е изненадување пораката со која се огласи и најави заминување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Драаги навивачи, ви пишувам тука затоа што немам други средства да се бранам и да ви се обратам. Само сакам да ви кажам дека кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината. Добро ме познавате. Знаете кој сум. Ве сака вашиот капитен“, гласеше пораката која ја остави Гомез на социјалните мрежи.

Тој минатото лето имаше голема понуда од Саудиска Арабија каде што можеше да заработи вистинско богатство, но реши да остане. Сепак, ситуацијата се променила после расправијата со тренерот Гасперини.

Гомез во претходните неколку натпревари остана на клупата и беше јасно дека нешто не е во ред.

„Газета дело Спорт“ објави дека Гомез побарал раскинување на договорот за како слободен играч да си замине. Тој има договор до 2022 година и сега се надева дека клубот ќе му излезе во пресрет.

Овој 32 годишен фудбалер сигурно нема да има проблем да пронајде нов ангажман, некои клубови наводно веќе покажале интерес. Според информациите, Интер и Милан веќе го контактирале Гомез.

Милан во Гомез гледа замена за Чалханоглу кој веројатно ќе замине, додека Интер сака конечно да дојде вистински креатор кој ќе ја разигрува екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…