Ѕвездата на Аталанта, Папу Гомез влезе во расправија со тренерот Гасперини и најверојатно ќе го напушти клубот во овој преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гомез е надвор од тимот, сака да си замине од Аталанта, но проблем е што клубот не сака да го пушти ефтино во директни конкуренти од Серија А.
Поради тоа Аргентинецот ако сака да го промени клубот во јануари ќе мора да се пресели во клуб надвор од Серија А.
Сега сериозен интерес за неговиот потпис покажува Севиља, која е спремна да испрати понуда.
Аталанта за неговата слобода бара 10 милиони евра, но Севиља ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да ја намали цената.