Дома Фудбал Италија Папу Гомез откри поради што Иличиќ паднал во депресија

Папу Гомез откри поради што Иличиќ паднал во депресија

Словенскиот фудбалер Јосип Иличиќ го пропушти крајот на минатата сезона затоа што не беше спремен да игра поради приватни проблеми.

Медиумите претпоставуваа што се случува со Иличиќ кој играше фантастично за Аталанта. Поради проблемите Аталанта беше без него во завршницата од Лигата на шампионите и финишот на сезоната во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми објавија дека Иличиќ имал приватни проблеми и дека го здрмало се што се случувало околу пандемијата со коронавирусот. Наводно, дури размислувал и за крај на кариерата.

Меѓутоа тој успеа да се опорави и неодамна се врати на терен. На оваа тема сега зборуваше Папу Гомез.

„Единствената вистина е дека Иличиќ имаше коронавирус и падна во депресија. Има моменти кога низ главата ви поминуваат разни работи и навистина е тешко. Најважно е што тој се опорави и сега е се во најдобар ред со него“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул загуби уште еден дефанзивец до крајот на сезоната

Дефанзивецот на Ливерпул Конор Бредли нема да игра до крајот на сезоната. Тој доби тешка п…