Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Панчев: Пикси треба да остане селектор на Србија уште најмалку четири-пет години

Панчев: Пикси треба да остане селектор на Србија уште најмалку четири-пет години

Во интервјуи за „Спорт клуб“ легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев му искажа поддршка на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.

Според Панчев Пикси мора да остане на клупата на Србија и покрај резултатите во групната фаза на Светското првенство.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Неуспех за Србија? Да, неуспех е последното место во групата, но јас не сум од оние кои гледаат се црно на овој српски тим.

Тимот не нзаслужува толку критики, мислам на стручниот штаб и играчите. Во последните неколку години забележаа резултати, играа добро, имаше натпревари во кои се играше фантастично – како може да се зборува и да се пишува дека селекторот и играчите немаат поим?!“.

„Во Катар нешто се случи, се вклучија проблеми. Пикси изјави дека имало многу повреди и дека поради тоа поединци не можеле да бидат на највисоко ниво.

Има многу за анализа, прашањето ако е така е: Зошто не играа тие што беа 100% спрмени? Ние не знаеме што се случува внатре во репрезентацијата. Вусшност она што треба да се промени е балканскиот менталитет“, изјави Панчев.

Панчев смета дека Пикси треба да остане уште најмалку четири-пет години.

„Пикси мора да остане, се менува ли селектор секоја втора година? Најмалку четири-пет години треба да остане и да го задржи постоечкиот кадар. Континуитетот е услов за постигнување успех“, смета Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…