Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев често пати дава свои мислења за актуелните случувања во фудбалот во Македонија и со оглед на она што го постигна во кариерата секако дека има право на такво нешто.
Во интервју за српски „Курир“ Панчев зборуваше епската победа на Македонија во Палермо, но и финалниот бараж кој не очекува против Португалија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Нормално дека го гледав дуелот во Палермо, Македонија беше одлично. Тактички одигравме дисциплиирано и без грешка. Италија како фаворит притискаше, но не ја оствари својата цел. Фудбалот не е спорт како ракомет или кошарка каде што фаворитот најчесто и победува. Тука можеш колку сакаш да си фаворизиран пред мечот, но ако не постигнеш гол, лесно може да те стигне казната“.
„Сите кои играа беа одлични, само и така може да се победи Италија. Дефанзивците перфектно си ја завршија работата. Димитриевски, Алиоски, Ристовски, Велковски, Муслиу...Секако тука е стрелецот Трајковски кој одлично ја зафати топката при постигнувањето на голот, во стилот на Роналдо“.
Србија неодамна ја победи Португалија со што ги испрати во баражот, а Панчев смета дека Милевски треба да разговара со Пикси за овој дуел.
„Србија ја победи Португалија во групите и затоа ќе му препорачам на нашиот селектор Милевски да разговара со Драган Стојковски Пикси, сигурен сум дека има што да му каже“, изјави Панчев.