Репрезентацијата на Македонија не успеа да се избори за пласман на Светското првенство откако вчера изгубивме од Португалија во финалниот бараж, но станавме светска сензација со претходната елиминација на Италија.
Дарко Панчев даде свој коментар по овие два настапи на Македонија и порача дека Фудбалската Федерација на Македонија треба веднаш да му даде нов договор на Благоја Милевски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Импресиониран сум од она што го прави Милевски, работи со еден одличен концепт, да бев јас претседател веднаш ќе му понудев нов четиригодишен договор“, изјави Панчев.
Панчев беше запрашан и дали ако Пандев беше во тимот нештои ќе беше поинаку.
„Неспорен е придонесот на Горан Пандев за Македонија, тој го постигна голот против Грузија со кој се пласиравме на ЕП, но и кога бил тука сме губеле од Андора во минатото. По неговото заминјување во пензија, играчи како Елмас, Барди и Адеми може повеќе да се развиваат“, смета македонската фудбалска легенда.