Дома Фудбал Останато Пандев откри интересни детали од односот со Мурињо (видео)

Пандев откри интересни детали од односот со Мурињо (видео)

Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, гостувајќи во емисијата на „Куќата на фудбалот“ и откри интересни детали од својата кариера.

Пандев е еден од најтрофејните македонски фудбалери, а најголемите успеси ги постгигна во Интер, кога предводен од Жозе Мурињо ја освои тројната круна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пандев играше клучна улога во освојувањето на трофеите, а сега откри детали од неговото доаѓање во Интер и односот со Мурињо.

„Чудно беше, кога добив раскин на договорот со Лацио и кога ми се јави Мурињо, ме покани да се вратам во Интер, јас малку скептички, не очекував дека ќе играм, имаше голема конкуренција. Мурињо беше искрен со мене, ми рече дека ако јас потпишам, ќе ја промени и формацијата, ми кажа дека јас и Ето ќе бидеме главни играчи“ откри Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах го заменува Роналдо како лице на саудискиот фудбал со тројно зголемување на платата

Напаѓачот Мохамед Салах може да стане новото лице на саудиската фудбалска лига ако го приф…