Eден од најстарите македонски клубови, Струмичка Беласица вчера прослави 100 години постоење.
Со церемноија, свечености, гости и фудбалски натпревар против Брегалница Струмичани уште еднаш покажаа колкаво значење има Беласица за целиот град. На прославата присуствуваше и Горан Пандев кој испрати честитки клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Навистина ми претставува чест и задоволство што сум тука. Добро знаат сите што значи Беласица за мене и за цела Струмица. Беласица е гордост, треба да ја чуваме уште илјада години. Посакувам што е можно побрзо да се врати во Прва лига и да се бори за Европа“, порача Пандев.
Натпреварот со Брегалница поради проблемите со електрична енергија доцнеше еден час, а на крајот победи штипскиот тим со 1:2.