Дома Трансфер зона Падна договор: Лингард се сели во Вест Хем

Падна договор: Лингард се сели во Вест Хем

Играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е многу блиску до трансфер во Вест Хем, пренесуваат медиумите на Островот.

Агентите на Лингард се во напредни преговори со лондонскиот клуб и наводно треба да бидат договорени последните детали.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Лингард беше талент кој многу ветува, но оваа сезона не добива шанса во Манчестер Јунајтед и е спремен да ја промени средината.

Тој влезе во последната година од договорот, па Јунајтед му ја отвори вратата да си оди уште во овој преоден рок.

Вест Хем за неговиот потпис на „црвените ѓаволи“ ќе му плати симболично 1 милион фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…