Дома Фудбал Павловиќ ги откри причините поради кои Пикси излегол со ваков тим против Данска

Павловиќ ги откри причините поради кои Пикси излегол со ваков тим против Данска

Репрезентацијата на Србија не успеа да се пласира во нокаут фазата на Европското првенство откако одигра 0:0 со селекцијата на Данска.

„Орлите“ го завршија натпреварувањето со само два бода, што беше доволно за последното место во групата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Страхиња Павловиќ се обиде да ги анализира причините за неуспехот.

„Не бевме доволно опасни, имавме проблеми да создаваме шанси, не знам… Создававме малку шанси“.

Голема врева се крена и околу изборот на тимот за натпреварот, но Павловиќ смета дека тимот имал смисла.

„Не бев изненаден од тимот, тимот беше составен според борбеноста, тренерот сакаше да остави некои момци одморени во последните 30 минути за да нападнат со сите сили. Значи – не бев изненаден“, изјави Павловиќ.

Тој ја анализираше и играта на тимот во текот на целиот турнир.

„Не бевме доволно опасни, затоа што имавме проблеми да создаваме шанси. Бевме борбени и добро делувавме на теренот, но не бевме тие што ја контролираа играта, најмногу се браневме, тоа се клучни работи. Тоа беше дел од договорот, но дури и кога ја имавме топката, не беше доволно добро, имавме многу грешки при додавање и лоши одлуки. Како тим не бевме доволно опасни“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…