Mилан Павков како да е човек роден за големи натпревари, после головите против Ливерпул вчера повторно блесна против Милан.
По натпреварот во кој донесе реми за Звезда (2:2) Павков разговараше за клупскиот сајт на Звезда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секој гол ме радува исто, а најмногу сум среќен поради клупскиот успех. Секој има своја улога во прекините, мојата задача беше да бидам на првата статива. На секоја топка одам со самодоверба и верувам дека ќе постигнам гол. Професионалец сум и секој натпревар ми е важен“.
„Најмногу ми значи поддршката од семејството, но ми значи и поддршката од генералниот директор Звездан Терзиќ. Ќе продолжам во наредниот период да постигнувам голови. Немам навика да разменувам дресови после натпреварот, повеќе сакам да го поклонам на некој навивач на Звезда“.
После натпреварот поротив Ливерпул навивачите на Звезда му пеаа под прозор, па беше запрашан дали сега ќе има иста ситуација.
„Можеби планираат, но мораат да знаат дека повеќе не живеам на таа адреса“, се пошегува Павков.